ПРВИОТ СТЕНД АП ВО ЖИВО

Просторот кој сега е само црна дупка, некогаш беше местото кое ми даде шанса да застанам простум и да кажувам се што ми лежи на душа. Едноставно звучи, зашто едноставна беше побудата.
Да зборувам за сите секојдневни баналности кои до гуша го закопуваат народецов а тие во темницата да си се гледаат самите себе и капак на сето тоа да се смееме. Да си ја олеснуваме карпата која ни лежи на срцата. Да се смееме на маката наша. Го препрочитувам ова што го напишав и да, ќе речам: спомени, сеќавање за едно рокенрол патување во мојот живот. Ете, од овде почна. Од оваа сега дупка, а за мене, некогаш клуб со сите салтанати*.
салтанат
мн. салтанати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 27408
сјај, раскош, луксуз
Англиски: luxury Турски: saltanat
Употреба: Разговорно
Примери:
Го пречека со големи салтанати.
(разг.) Продава салтанати.
Слично со: сјај (м.) , раскош (м.) , луксуз (м.)

СИТЕ ЕМИСИИ