STAND UP REVOLUTION е играна студиска верзија на кабартскиот жанр, многу популарен во светот, стенд ап комедија. Овој специфичен начин на анимирање, односно засмејување на клубската публика, преку еден актер, комичар, кој „импровизира“ на отворена сцена, своја сценаристички, сценографски и визуелно спакувана форма, добива во ТВ форматот на стенд ап комедијата – STAND UP REVOLUTION на НАША ТВ.
Во рамките на STAND UP REVOLUTION на НАША ТВ досега реализирани се сто и педесет (150) 15-минутни епизоди на исто толку атрактивни теми.
Харизматичниот актер Никола Тодороски ќе ве насмее до солзи со неговото STAND UP шоу. Следејќи го концептот за STAND UP комедија Никола Тодороски, навистина успешно, секојдневните ситуации и проблеми, ги прикажува од еден поинаков хумористичен агол, што предизвикува бурна смеа кај гледачите, посочувајќи им дека секоја ситуација во животот содржи комични елементи и дека смеата е составен дел на животот.
Овој ТВ формат, каков што е STAND UP REVOLUTION на НАША ТВ како уникатен проект на овие простори, им дава на гледачите единствена можност за уживање во овој жанр, кој е карактеристичен, како изведба во живо, пред се за клубовите или малите сцени во театрите.
STAND UP REVOLUTION го следи базичниот концепт на НАША ТВ, да промовира позитивни текови во нашето културно и општествено миље, и го збогатува на оригинален начин.