за ПРОЕКТОТ

Обидувајќи се да бидеме поинакви од другите, со овој проект изготвивме сатирични вести кои ќе третираат дневно актуелни настани со хумористични и иронични коментари. Заедно со презентерот, актерот Горазд Цветковски, има и неколку дописници кои се всушност куклени ликови од македонската историја и приказни. Тие презентираат теми по кои се карактеристични и самите: рубрика Време – старословенскиот бог на грмотевиците Перун, Сиљан Штркот за новородени деца (бела хроника), Болен Дојчин за здравство, Итар Пејо за земјоделие, Марко Крале – финансии, Ѓурчин Кокале – спорт, Филип 2 – внатрешна политика, Александар Македонски – надворешна политика, Цар Самуил – ЕУ и НАТО интеграции, Јустинијан – скопска хроника, Марко Цепенков – култура, Лепа Ангелина – совети за убавина, Големата Мајка – економија, Питу Гули – одбрана и безбедност и Св.Климент Охридски за образование.
Репортерите присуствуваат и на прес конференции, а прават и интервјуа со познати личности. Во своите прилози, презентерите користат жаргон и терминологија од своето време, но употребуваат и сопствени коментари за настаните.

Сценарио: Сашо Тасевски, актер и еден од најчитаните македонски писатели.
Режисер на проектот е Боњо Лунгов, професор на Академијата за куклен театар од Софија и режисер на над 100-тина куклени претстави за деца. И еден од најзначаните куклени режисери во Европа.
Монтажери: Ристе Ставревски и Диме Георгиевски.
Водител : Гораст Цветковски
Манипулатори со кукли: Кони Каракостов и Тања Кочовска
Актери во проектот и глас Тања Кочовска, Рубенс Муратовски и Иво Ангеловски.
Куклите се изработени во работилницата на Народниот Театар Иван Вазов во Софија.

Кон проектот