за БОЊО

Професорот Боњо Лунгов е еден од најзначаните европски и светски режисери за куклен театар. Роден е 1953-та година во Софија, Република Бугарија .
Завршил на академијата НАТФИЗ Крсто Серафов со специјалност Актерско мајсторство за куклен театар и втора специјалност Режија за куклен театар. Работел како актер во куклениот Театар во Пловдив и во Централниот куклен театар во Софија.
Од 1981 е асиситен во класата на Димитар Стојанов , со специјалност актерско мајсторство за куклен театар. Од 1998 е избран за професор по актерско мајсторство за куклен театар. Боњо Лунгов е уметнички раководител на класите по актерско мајсторство за куклен театар од 1989 – та година до денес.
Бил и уметнички консултатнт на куклените театри Во Пазарџик, во Русе и во Плевен.
Го основа и раководи Театар 13 и Театар Албена со кои учествува на бројни мегународни тетарски фестивали и ја развива културната програма на комплексот Албена од 1996 до 2007-ма година.
Од 1994 до денес со курсеви и семинари помага во развивање на куклениот театар во Македонија и секоја година поставува по една куклена претстава во Театарот за деца и младинци во Скопје. Држел семинари и во Атина и на Крит.
Во 2000- та година во Хановер, Германија и 2008-ма година во Сарагоса, Шпанија е одговорен уметнички раководител на сите програми на ЕКСПО за Бугарскиот павиљон.
Режирал на 100-тина куклени претстави и има добиено над 30 тина награди за режија, претстави во целина и за уметнички дострели на фестивали во Бугарија, Македонија, Србија, Црна Гора, Португалија, Унгарија, Италија, Турција, Босна и Херцеговина, Полска, Украина, Германија, Хрватска, Франција и учествувал со своите претстави и на бројни театарски фестивали и во Кина, Русија, Швајцарија, Грција, Чешка, Финска , Шведска и Белгија.

И ние имавме задоволство да учиме, уживаме , да се смееме и да се радуваме со професорот Боњо Лунгов создавајќи го првото македонско телевизиско шоу со кукли ВРЕМЕТО ДЕНЕС.

Кон проектот