за САШО

????????????????????????????????????

Во портофиото на Сашо Тасевски , сценаристот на ВРЕМЕТО ДЕНЕС е забележано:
Актер, стендап комичар, писател и колумнист. Роден на 10.08.1972 година во Скопје. Во 1995 година дипломирал актерска игра на ФДУ – Скопје.
Од 1998 година е вработен во Драмски театар Скопје, иако претходно, три години веќе настапува на истата сцена. Има одиграно преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава.
Во 2002 добитник е на националната театарска награда за најдобра главна улога на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на ЦИБРА во претставата ТЕТОВИРАНИ ДУШИ
Во 2004 година магистрира театролошки науки на ФДУ.
Во 2007 е објавена неговата прва збирка драми Шмизла која доживува три изданија. Во годините што следат, напишал уште една збирка драми (Аеродромци) и пет романи (Пеперутка, Угурсуз, Принцезата на Малиот Принц, Отпозади и Жена вредна злато) со кои создава голема читателска публика, па во 2013 година добитник е на наградата „Најчитан писател во Македонија“ во сите библиотеки низ државава во конкуренција на странски и домашни писатели која ја доделува НУБ Климент Охридски.
По негово сценарио, во 2008 година е снимена куклената тв-серија за возрасни ВРЕМЕТО ДЕНЕС во режија на познатиот бугарски режисер Боњо Лунгов. Серијата се емитуваше во 46 епизоди.
Во 2010 година во Драмски театар е поставена праизведбата на неговата драма ИНТЕРМЕЦО.
Има играно во неколку тв-филмови и серии како: Салон Хармони, Еурека, Наше маало, Како се станува кошаркар, Преспав, Дичо Зографот, Седум пораки и други.
Ја извршувал и функцијата в.д. директор на Драмски театар – Скопје во траење од една година.

Кон проектот