ДЕЦАТА и РОДИТЕЛИТЕ

Каде треба да се бараат вистинските вредности? Преку вклучувањето на алармот, во секој човек, независно од неговата возраст. Во оваа епизода преку отворање на повеќе теми,за довербата, без која сме никој и ништо, за односите со наставниците, другарите и родителите. Младите, кои искрено ги споделуваат своите размислувања за вредностите во семејството, за родителката љубов која останува да тлее во секое дете и кога е возрасна личност. За влијанието на училиштето, за другарството, како и за материјалните нешта кои не значат ништо, пред љубовта, од било кој ранг.
Пред нас се и ставовите на родителите, за нивното гледање на воспитувањето, родителката љубов и вистинските вредности, кои се важни за градење на младите личности а кои треба да бидат носители на општествениот поредок.
Инспиративна тема, со многу длабоки мисли и ставови, кои може да станат патоказ за секој од нас.

СИТЕ ЕМИСИИ