СИМОНЕ ФИЛИПИНИ

Исклучителна личност, дипломат, која остава силен печат со својот престој во Македонија, по својот пристап во дипломатијата, придонесот во макдеонската средина и активностите кои ги презема. Преку темата на разговорот со Симоне Филипини, се доаѓа до сознанието дека треба да го вклучиме колективниот аларм за толеранција, соживот, запознавање на религиите и различните култури кои се ставени да градат соживот, преку развивање на пријателство а преку дисциплина и интегритет на личностите, каде одговорноста на поединецот ќе стане и колективна одговорност. Од она што го споделува таа, доаѓаме до сознанието дека ни е потребно да си дадеме шанса, да научиме од современите цивилизирани општества, кои се организирани и функционираат по добро утврдени правила.Но, само под услов ако разбереме дека таму нема свет на суети, туку смисла за напредок, свет каде може да се креира позитивна енергија и живот, удобен за сите што живеат во него.

СИТЕ ЕМИСИИ