Кич и шунд фрчи на сите страни. Тоа е слушано, гледано, посетено и тоа се цени. Го создаваат за профит луѓе со ниски страсти а го конзумираат сите. Профитот од кич е политички и економски. Го подржуваат големи компании трчајќи по маса на потрошувачи.
Политичарите “ се прават” дека не го забележуваат кичот.
Бројките се најважни 🙂
И така еден ден и твоето дете станува бројка. Агресивна бројка. Потрошувач. Гласач.
Кој е изолаторот за кич?
Над 50% од населението е само со основно образование. Прима се.
Тоа население има деца.
Која е заштитата за децата и изолацијата за децата од ниските страсти?
Вредности?
Имам право да кажам дека поддржувам ВРЕДНОСТИ!
Имам право да кажам дека моето семејство поддржува ВРЕДНОСТИ!
Имам право да кажам дека НАША ТВ поддржува ВРЕДНОСТИ!
Меѓудругото…..Со семејниот проект со деца и возрасни БУШАВИ ГЛАВИ на НАША ТВ сакаме да ги запознаеме децата со многу значајни професии и личности од јавниот живот кои сакаме да бидат детски идоли…композитори, актери, пијанисти, изведувачи, уметници, режисери, сликари, водители, пејачи, менаџери, спортисти, новинари, кореографи, тв презентери, водители, тренери, музичари…
Сакаме родителите да разговараат со своите деца за Симон Трпчевски и за неговата професија и неговата вредност, пред поддржувачите на профит да го насочат вашето дете кон ниски страсти и кон кич.
Пред да стане детето бројка.
Гласач. Потрошувач.
Поддршката која досега ни ја дадоа јавните личности со кои досега снимивме 260 епизоди и 1040 различни теми и нивното учество во проектот БУШАВИ ГЛАВИ за нас е бесценетата.
Ви благодариме!
Ова е модел на ВРЕДНОСТИ!
Ристо Гоговски