![Potocinja 2006 - 1 DEL.05_43_35_01.Still093](https://nasatv.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/Potocinja-2006-1-DEL.05_43_35_01.Still093-696x557.jpg)
ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛИ / СИ – ДО
СИ-ДО е меѓународен детски музички фестивал кој се одржува еднаш годишно во месец мај, во Центарот за култура во Битола, со деца од Македонија и различни земји од светот, од Бугарија ,Романија, Словенија, Србија, Грција, Албанија, Украина, Русија, Италија..
Фестивалот, кој вообичаено има 20-ти на нови песни секоја година, во последните години има стекнато голема поддршка од публиката, која со нетрпение го очекува следното издание и следните композиции и изведби.
Генерален директор на фестивалот е композиторот Миле Шерденков, уметнички директор е композиторот Дарко Шерденков а детскиот хор го подготвува Лорета Ројковска. Организатор на фестивалот е Асоцијацијата за култура “ПРОМЕДИА“ од Битола.