Катарина Решек-КУКЛА е словенчека музичарка и режисерка, родена во Љубљана на 27 март 1991 во семејство кое потекнува од Македонија. Младата арт-поперка, која храбро кокетира со електронската музика и необичните теми, пишува претежно на српски(но и на македонски) јазик, а незјиното творештво е под влијание на Бјорк и Лана Дел Реј. Својот стил го нарекува “словенечки гангста гејша поп“. Проектот КУКЛА (испишан на кирилица со големи букви) го започнува во 2016-та. Нејзиното творештво ‘под лупа’ го имате во Љубовната листа на НАША ТВ.