за ПРОЕКТОТ

LOVE TV

 

Љубовта се состои од три различни компоненти: интимност, посветеност и страст. На сите облици на љубов се гледа како на различни комбинации од овие три компоненти. Допаѓањето вклучува само интимност. Заслепеноста вклучува само страст. Романтичната љубов ги вклучува и интимноста и страста. Пријателската љубов вклучува интимност и посветеност. Несериозната љубов вклучува страст и посветеност. И на крај, совршената љубов ги вклучува сите три. За љубовта се водени војни , градени се архитектонски чуда , пишувани се романи , стихови , песни . Agápē , Ljubav , Љубов , Любов , Dashuri , Тe yubesk …На сите Балкански јазици , како ли звучи љубовта , кога за неа пее : Масимо Савиќ , Зоран Предин , Рита Ора…

Музика за љубовта од 13 земји од регионот: Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Романија, Унгарија и Австрија.

ГЛЕДАЈТЕ на  LOVE TV! НАСКОРО!

Љубовта е еден вид пијанство. Кога некој ќе испие една и уште една чаша, му се отвора апетитот и му се јавува жед. Тогаш не престанува да пие чаша по чаша. (Бранислав Нушиќ)