Проектот НАША ТВ на НОВ КОНТИНЕТ има за цел да созаде нова регионална телевизиска платформа, присутна во 13 земји во регионот: МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, АЛБАНИЈА, СРБИЈА, ХРВАТСКА, СЛОВЕНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА , ЦРНА ГОРА, КОСОВО, РОМАНИЈА, УНГАРИЈА И АВСТРИЈА, чиј фокус и интерес ке бидат теми од БИЗНИС, КУЛТУРА , ТУРИЗАМ и СПОРТ.
Во македонскиот медиумски простор, не постои регионален проект кој ги обединува интересите на македонската култура, македонскиот бизнис, македонскиот спорт и македонскиот туризам. Не постои ниту една македонска телевизија која зрачи надвор од Македонија на било кој кабелски оператор во било која држава во светот преку која би се презентирале македонската култура и македонскиот бизнис сектор и македонските компании, македонските спортисти и македонските туристички потенцијали. Во македонскиот медиумски простор не постои вмрежана активност на државите од регионот во кој државите ке ги презентираат своите вредности од областа на културата, бизнисот, спортот и туризмот.
Проектот НАША ТВ на НОВ КОНТИНЕТ има за цел:
- Поврзување на НАША ТВ до регионалните кабелски, DTH оператори и IPTV телевизии од 13 земји во регионот ( Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Унгарија и Австрија ) и достапност на проектите на НАША ТВ, од сегашните 400.000 претплатници во Македонија, до нови 30 милиони потенцијални гледачи и потенцијален маркетинг пазар од 6 милијарди евра.
- Презентирање на регионалната соработка помегу 13 земји од регионот и мотивирање на уметниците, спортистите, компаниите и туристичките работници за вмрежување, нивно презентирање и нивна регионална соработка преку можностите , искуствата и потенцијалите од регионалната соработка.
- Продажба на маркетинг простор во проектите на НАША ТВ , со потенцијал за достапност на рекламните пораки пред 30 милини гледачи во 13 земји од регионот
Интересот на клиентите за презентирање на своите производи во новите продукциски продукти на НАША ТВ кои ке бидат со регионално значење, на теми од бизнисот, културата, спортот и туризмот, ке им се овозможи на компаниите регионална маркетинг презентација и до 75 пати поефтина од сегашната пазарна цена на маркетинг просторот и маркетинг услугите.
Во моментот не постои ниту еден сличен ваков регионален проект преку кој најзначајните уметници, бизнисмени, спортисти и туристички работници мегусебно и во континуитет ке ги презентираат своите искуства и ке ги мотивираат сите останати на превземање на активности за мегусебна соработка и регионално вмрежување.
Медиумската култура и програмите кои во моментов се пласираат на телевизиите, се на многу ниско ниво на култура и комуникација.
Искуства кои постојат во моментов за регионално вмрежување и јавна дискусија на овие теми и проблематики се незбележителни и се инцидентни..
Медиумските работници немаат широчина во своите ставови и не размислуваат надвор од границите на својата земја и не ги гледаат потенцијалите на своите земји.
Односот на државата кон медиумите е дека медиумите и служат на државата и локалната самоуправа, да ги пренесат информациите кон граганите. Се друго на државата во односот кон медиумите и е второстепено и секаков вид на програма на медиумите со низок квалитет е прифатен и дрќавата нема а и не сака да има контрола врз квалитетот на медиумската содржина.
Медиумите создаваат заблуда кај гледачите за вредностите во општеството. Необразованите и алчни сопственици на медиуми желни за профит ја диктираат медиумската понуда на пазарот која е преполна со ниски страсти и евтина комуникација со гледачите.
Целта на проектот НАША ТВ на НОВ КОНТИНЕНТ е преку презентирање на вредности и теми за БИЗНИС. КУЛТУРА. ТУРИЗАМ и СПОРТ, да се подигне нивото на комуникација со гледачите и да понуди теми кои се од значење и вредност за регионот, со цел да се создаде нова вредност за образованите гледачи.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на Фонд за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија