за ПРОЕКТОТ

НАША ТВ следејќи го своето мото за „позитивна енергија во етерот„ испрака порака за убавината на животот. Проектот наречен СИНЕРГИЈА опфаќа теми од различни сфери на живеењето на човекот, истовремено информира и едуцира.
Поттикнати од брзиот начин на живеење, трката по материјални средства, губењето на основните морални начела, бледеењето на вистинските морални вредности, се одлучивме за проект кој на едноставен начин ќе не потсети на моќта и вредноста на семејството, важноста на емоциите, свесноста за силата на индивидуата, потенцијалот и креативноста на единката.
Секоја од 120-те емисии е концепциски поделен на неколку теми кои се обработени со прилози и стручно мислење на дадената тема

Темите се поврзани со предизвиците со кои се соочуваат најголем дел од лугето во денешното модерно општество. Разновидни содржини со кои се сретнуваме во секојдневното фунционирање, како мотивација, комуникација ,воспитување на деца, емоционални проблеми , стрес , страв.

Присуството на стручните лица ја збогати емисијата и сигурни сме со нивните објаснувања, коментари ,насоки и размислувања кои ги споделија со нас, ќе допрат до гледачите овозможувајќи дел од работите да се погледнат од поинаков агол.

Нашата намера е оние кои не следат да го шират својот репертоар на одговори и да можат во различни ситуации да одговорат флексибилно и различно , на момент олеснувајки ви да направите одреден чекор или да донесете некаква одлука .

Се надеваме дека ќе ја постигнеме целта и ќе ве поттикнеме да го откриете патот , да ги придвижите нештата во својот живот во позитивен правец . Секогаш можете да научите да развивате вештини и да ја зголемите својата ефикасност, да работите на развој на сопствениот потенцијал и да бидете најдобрата верзија од себе.

Кон проектот