Меѓународен натпревар за знаење годинава се одржа во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје. OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge 2019, локалната рунда, е предизвик за младите во државата.
Се работи за возбудлив меѓународен натпревар за учениците на возраст од 11-14 години и од 15-18 години. Целта на овој натпревар е да ја инспирира интелектуалната љубопитност на секој млад ум и секоја година има главна тема. Во Owlypia студентите учествуваа на три натпревари: Owlypia- Интернет, Owlypia-Локал, Owlypia-Глобал (Кембриџ во Англија и Харвард во САД).
На овој возбудлив меѓународен натпревар, кој се одржа на 23-24 ноември годинава, учествуваа низа тимски предизвици во пет различни тематски области.Младите интелектуалци имаа можност да ги споделат своите креативни идеи, да ги развијат своите мултидисциплинарни академски вештини, да го откријат својот потенцијал, да градат самодоверба, да развиваат вештини за тимска работа и да склучат нови пријателства.
Во рамките на настанот, во тимски предизвици се реализираше работа во група од тројца ученици кои се соочија со пет различни предизвици од дадедните пет предмети во текот на 2 дена. Тимските предизвици беа: тест на одбраната тема, пишување состав, дебатирање, импровизиониран говор и тимски тест.
Инаку, Owlypia се состои од пет теми, тие се: социјални студии, уметност и дизајн, литература и култура, наука и технологија и економија и бизнис. Учениците избираа еден од дадените предмети и се подготвуваа за натпреварот со користење на дадените ресурси кои се дадени за тој предмет.
По завршување на натпреварот, најуспешните ученици се закитија со признанија и медали, потврдувајќи ги големите успеси и традицијата што ја имаат од изминатите години да се добиваат рекорден број златни, сребрени и бронзени медали, како и пофалници преку вклучување на огромен број ученици во ваков глобален натпревар.
Ваквите натпревари имаат големо значење за развивање на поголеми знаења на учениците, негување на соработката и тимската работа, а додаваат и во вредноста на работењето и квалитетот на образовните институции, како клучни за развојот на младите генерации, стимулирање на интелектуалната љубопитност и подобрување на нивните академски вештини.