Ретките граѓани на универзумот се прашувале дали е можна фактичка потврда, дека е нешто во согласност со ЦЕЛОТО и со сите негови внатрешни делови. И како да се стигне до тоа, по примерот на пра-ричината на природата?
Планетата Мајка, се создала од трансформација, од големиот тресок. А , по него се создале сите денешни членови на нашата планета Земја. Некои исчезнале по патот, завршувајки ја својата мисија овде на оваа Планета.
Суштината на оваа планета е нејзината трансформација кон комплетна складност(хармонија). Или едноставно само Склад(Баланс).
А и ние, како нејзини чеда, во суштината на нашето тело, наштиот ум и нашата душа, го имаме складот(хармонијата, балансот).
Хармонија на храната која ја внесуваме во нашето тело.
Хармонија на сонот, со потребата за одмор.
Ретките поборници на идејата за хармоничен свет низ историјата, се обидувале да не потсетат, како било и како треба да биде.
Исус, Конфучие… сите мислители од Стара Грција, од Вавилон, Египет нѐ повикуваат да ги чуеме и почувствуваме нивните пораки за хармоничен и доблесен живот.
Конфучие вели: „Совршена е добродетелта, која што е во хармонија со средниот пат“.
Аристотел нѐ поучува на златната мера.
И денес на оваа тема се обидуваат разни духовни учења, кои доаѓаат од сите страни на светот и се спојуваат во едно исто, со иста цел.
Да се сетиме на универзалниот принцип на Јин и Јанг, кој повикува на можноста за воспоставување на хармонија во различното-за хармонија на целото наше битие а со тоа и поставување на склад со другите битија.
И ние денес можеме да го научиме тоа и да се потсетиме на вселенската хармонија, преку запознавање на природата во најблиската околина, кога И дозволуваме на хармонијата, со леснотија да влезе во нашите атоми, алвеоли, крвни садови, ум.
А, ако ја примениме златната мера на Аристотел и средниот пат на Конфучие, ќе го живееме нашиот живот во ХАРМОНИЈА.