ОБЈЕКТИВ

Дали некогаш сме помислиле како нѐ гледа и доживува вселената?

Можеби како ронка прашина, која беспомошно лази по малата и неважна планета Земја или, како купишта хемикалии, кои се вешто поврзани… Или како на поетите што им се чинеше, дека човекот кој е надарен со ум е бесконечен, во однос на способностите со кои располага.
А, можеби, како сето тоа одендаш!

Заедно со овие недоумици се прашуваме: „Што сѐ е добро и што сѐ е зло? Постои ли добар начин, да го посакаме најдоброто ?“

Дали можеби тоа зависи, од нашиот приватен објектив?

Можно ли е, да е составен од сноп најфино организирани сетила, водени од разумот?

Објективот кој ни го прави животот, објективот, со кој ги вбризгуваме нашите желби, искуства и амбиции, во големата, најголемата од сите- нашата ѕвезда?
…Ѕвездата која се стреми да биде дел од вселенската хармонија …

Ги доживуваме ли сите нешта околу нас со помош на светлината, која ни ги создава сликите, боите, соништата?
Светлината во нашиот објектив е таа, која ни го покажува патот до сите нешта…Оние исти нешта кои ни го прават животот кога сме среќни, тажни или збунети.
Светлината е лична Божица на нашиот мал, но добро организиран космос.
Да не ја спречуваме со кафени очила за привид.
Имаме право, на пастелни бои!

СИТЕ ЕМИСИИ