ДЕПРЕСИЈА

Депресијата е состојба позната од дамнина и нејзиното име доага од латинскиот збор deprimere , што значи да се потисне , притисне или задлаби. Во депресијата потиснатото расположение е всушност патолошки намалено расположение како основната карактeртистика на оваа состојба. Промената на расположението може да се појавува без видлива причина или не е во склад со потенцијалната причина. Депресивните личности ја губат способноста за чувство на задоволство и не се заинтересирани за активности кои претходно ги радувале и во нив уживале.
За депресијата Биљана Копрова, клинички психолог, вели:
Симптомте кои клиентите ги опишуваат се безволност ,немање на чувство на сигурност, незаинтересираност за ништо . Ирационално гледање на работите. Тоа што рационално го имаат не го перцепираат, не им е ни важно. Рационално тие знаат дека имаат доживување како треба, ама на ниво на емоции страда вољата .Немаат воља да излезат од таа ситуација .На депресивна личност колку рационално да и се објаснува , нема никаков ефект бидејки таа личност рационално ги знае тие работи само нема енергија. Целата ментална енергија е на внатре и се троши за самообезвреднување , за “самокамшикување“ ,за само обвинување и не ни останува ментална енергија за да излезе од таа состојба на надвор и реално да ги погледне работите и да тргне во акција и да се дефокусира.

СИТЕ ЕМИСИИ