Вино, мистичен збор, вкус,боја…Сласт на душата… Зошто во виното е вистината. За многу вински вистини, факти и мудрости, во серијалот насловен ГОЛТКА БОЖЕСТВО – ПРИКАЗНИ ЗА ВИНОТО. Македонското вино има вековна традиција, мотив повеќе да се раскажат многу вински приказни. Во нив, преку повеќе епизоди, тематски опфатени, приказните за потеклото на виното. Што е виното, за начинот на пиење вино, за нашите вински сорти, уникатни и единствени кои пленат со секоја испиена голтка. Приказните продолжуваат за Св.Трифун, за да стигнат до фактот дека македонските вина се пристапни, привлечни, пријатни и деликатни, со вкус што се задржува на непцата. Тие го покажуваат напредокот што нашите винари го постигнале кон вистинската рамнотежа и развиеното чувство за умереност.
Виното низ историјата, со својата големина и во испиената голтка и во значењето за животот, ги обземало мислите на многу уметници. Инспирирани од таа боженствена голтка, со своето перо ги запишале најголемите мисли, кои милуваме да ги изговориме и денес. И за сето тоа, било заслужно токму виното, кое го имаме во изобилство, по вкусови, ароми, бои, богати предели, до недоглед.
Тоа е македонското вино. Токму тоа е предизвик да се даде заедно со некоја убава винска туристичка понуда, по боженствените вински подруми на нашите винарници. Затоа што, приказната за македонското вино е приказна со безброј ликови , вкусови и тајни на рецептите кои традиционално и со векови се пренесуваат од генерација на генерација, приказна која не знае за почеток и крај, велат македонските винари. Во Македонија виното е еден од симболите на земјата, заедно со сонцето, храната и бескрајната природна убавина.
Голем предизвик за секој кој сака да се нурне во светот на виното, за да дознае и како виното ја љуби храната, зошто и самата помисла на оваа деликатна тема предизвикува респект. Исто како и фактот дека виното може да биде лек или отров, зошто тоа е многу повеќе од алкохолен пијалак. Дали е мит или легенда? Да, затоа што со вино се лечела и душата и телото уште од времето на Хипократ.Тое е библиско.
И толку мистерија, љубов, желба, страст за виното, за таа голтка, превриен сок од грозје, за која Александар Сергеевич Пушкин ќе рече: Ослободете се од грижите, фрлете ги на страна! Нека протече вино во реките во чест на Бахус, музите, убавината.
За сета вистина за виното, ставете вино во чаша и погледнете ги ПРИКАЗНИТЕ ЗА ВИНОТО.