ОГАН

Овој космос еднаков за сите битија не го создал никаков Бог, ниту човек, туку тој што ќе биде вечно жив Оган, кој со мера се пали и гасне.До оваа мисла дојде грчкиот мудрец, многу одамна.А со него и ние се прашуваме: „Што е оган ?“

Планетата Земја се создаде од големиот оган, за време на големото загревање, по кое следеше големиот вулкан.

И конечно …. Вселенските тела го започнаа својот живот, откако некои од нив ја добија својата оптимална температура.И оттогаш се нашето место за живеење-мајката планета Земја.

Сонцето е вечно живиот оган.Заради сонцето знаеме за светлината а заради светлината му се радуваме на денот.

Што би било кога би го немало тој вечен оган?

Би живееле во темнина, би чувстувале во темнина, би го немало денот и сите светли радости.
Огнот е тој,кој ги осветлува нашите животи, кој нѝ го осветлува патот, огнот е тој чии искри во пролетното утро можат да не направат најсреќните луѓе на овој свет.

Кога жарот ќе го приближите до огнот во вашиот двор, тој ќе се преобрази, усвити, дури ви се чини дека почнува да се смее….а, кога ќе го оддалечите-ќе згасне.

На огнот му додаваме песок и добиваме стакло…само со огнот можеме да го скротиме железото.Со огнот, како пластелин го моделираме златото.Со огнот го подготвуваме каменот, да си го изградиме нашиот дом.

А огнот во нашите срца ?
Пролетта е вистинското годишно време, за огнот најсилно да го почувствуваме во нашите срца.
Кога го работиме тоа што го сакаме, огнот гори во нас.Кога сме вљубени, најблиску сме до него.

Хераклит набљудувајки ја природата, увиде дека во неа сѐ е во совршена хармонија, со помош на различните космички сили.Тој рече:„ И самиот Бог е борба на спротивности.“

Огнот се создава,како судир на две различни сили или според законот на борбата на спротивности, закон кој го движи целиот свет.
Огнот живее од смртта на земјата, искрата живее по смртта на огнот, водата живее од смртта на искрата а земјата пак, живее од смртта на водата.

Огнот поседува голема моќ…
Но, постои тенка линија која не тера да се запрашаме, дали огнот повеќе уништува одколку што создава?

Огнот, вели Хераклит, е надарен со ум и може да управува со работите.Сите нешта, кога ќе дојде време, огнот ќе ги награди или ќе им пресуди.

Никогаш не дозволувајте да згасне огнот во вас!
Огнот е животот, силата која нѐ движи напред.Но, Хераклит вели дека мора да се внимава на мерата, со која богот на природата го палиме и гаснеме.

СИТЕ ЕМИСИИ