„Сѐ настана од водата“- рече еден од седумте мудреци, Талес од Милет.И со тоа започна историјата на западната филозофија, односно, трагање по вистината.
Трагање кое трае, речиси 21 век.
Патот до вистината се сметаше дека е светлина,која се претвора воо гром, составен од мисли и чувства, гром кој удира во самите нас и од тука започнува создавањето на светот, свесноста за нас и душите на сите нешта.
Талес е првиот филозоф на природата.Тој вели: „Водата е првата, водата е вистината, суштината на нештата, прапричината.“
Прва-како Бог, како создавач, како вселенски мир, како вистината која оди со него.
Можеме ли да се обидеме водата да ја видиме како нешто духовно, како мисла која во реалноста може да се раствори како шумлива мултивитаминска таблета?
Влажна мисла, со која ќе го отвориме прозорецот нашата душа и ќе нѝ овозможи да ја проветриме.Сосема слично, како кога го гледате ѕвезденото небо и си велите:„Само кога би можел да се издигнам толку високо, да се распространам толку широко, за да ја помирисам вселената, да станам прашина, која вселената ќе ја препознае како своја.“
Доволно е да стапнеме во нашата најблиска река и да ја почувствуваме кревката и мека чистина, како поминува низ нас, задржувајки се онолку, колку што сме подготвени за неа.
Додека стоиме наспроти правецот на нејзиното движење, имаме ли право да се замислиме како сноп од молекули и да ја почувствуваме нејзината проѕирност, со сила која го движи светот.
Токму тогаш ќе можеме барем за миг, да допреме до чувствата на големиот Талес.
Водата ја пиеме.Ја миеме нечистотијата со неа.Се воодушевуваме на малите планински реки и на огромните мистериозни океани.Ја препознаваме во сите нејзини хемиски преобразби.
Оганот го гаси, земјата ја навлажнува, воздухот го претвора во облаци, си го прави патот низ камењата…тече во вечноста, извира од длабочината.
Сина е како вселената, како небото, како нашите сништа.
Матна е кога многу прашини од нашето секојдневие, ќе се најдат во неа а вкусна е од изворот.
Знае да теши и да боли.
Водата е нашето здравје, нашиот живот, нашето движење и нашата промена.
Заради сево ова, не дозволувајте премногу вода да истекува, во сливникот на вашата када !