ВРЕМЕ

Во нашето современо секојдневие, поимот време најчесто се користи за исполнување на рокови во работната организација или пак за договорите со пријателите – за рекаксација.

Во поширокото значење и гледање од повисоко и пошироко, го користиме повторно за плановите кои сакаме да ги оствариме во перспектива :
„Време е да ги видам работите, онакви какви што се!“
„Време е да продрам во вистинската суштина на нештата“,
„Време е да им подарам повеќе од себе сѝ, на нештата и на луѓето, кои ги сакам“.

Времето се мери од старите цивилизации.
Египјаните, Вавилонците, Кинезите – го мереле времето на свој начин.
Ден и ноќ, е првата поделба на времето.

Време е да се почувствува времето, на сите нешта околу нас.

Дали тие го живеат истото наше време, ова време ?

Може да се претпостави и може да се набљудува.

Стауата на Аполон од Микеланџело, го живее ли ова време или своето кога е создадена?
Градината во нашиот двор, која нѐ разладува и исполнува, кое време го живее таа?
Дали ние живееме во ова време, сега и овде? Или пак сме измамени од храмот на нашето сѐзнаење, без пардон кон реалноста.

Времето е имагинарна-апстрактна категорија за ред и прецизност, на овој човек овде, во ова време.

Времето е движење.

Стоењето во место, не го успорува времето…. дури и го забрзува! Тензијата на молекулите кои имаат нужна потреба да се движат и да одат понатаму, дејствуваат под напон!

Да не им го успоруваме времето на нештата, со неактивност.

Да го почувствуваме вистинското време, за стартување во Универзумот, со креативни создавачки пораки и добра кои се добри, за сите нас И од нас!

СИТЕ ЕМИСИИ