„На почетокот беше зборот…
И Бог рече: Нека биде Земја и Би земја,
Нека биде светлина и Би светлина.“
Божјиот збор-почетокот на создавањето на светот.
Размислуваме ли, за вредноста на овие искажани зборови?
Дали воопшто размислуваме за моќта која ја содржат зборовите?
Дали кога говориме, сме во апсолутна будност и свесност, за тоа што и како говориме?
Е, па би требало !
Зборот најбргу ја материјализира нашата мисла… а сега, во ова време-невреме, особено, лошата мисла, искажана со страст.
Емотивната компонента на зборот е од исклучителна важност. Таа може да воздигне но и да уништи !
Дали кога ќе размениме добри зборови со пријателите, се чувствуваме среќни, исполнети?
Секако !
А, пак, кога сме сведоци на озборувања, ја чувствуваме штетата и на тој што озборува, но и на самиот озборуван. За ова истражувал рускиот доктор и биоенергетичар со светска слава, Сергеј Лазарев(С.Н.Лазарев).
Со зборот се достигнува величественото, со зборот се срамнува. Посакувам да успееме да го дисциплинираме умот, така, да раѓа само убави мисли, кои се добри за нас и за другите. Посакувам со зборовите да не нѐ раководи брзоплетоста.
Се вели: „Добриот збор, железни врати отвора“.
Да мислиме на создавањето на убави и конструктивни нешта.
Да зборуваме за убави и конструктивни нешта.
Да создаваме, убави и конструктивни нешта.
Добриот збор, железни врати отвора а лошиот ги затвора сите!
Зборувајте, убави нешта!
Чујте ги, убавите нешта!