ЗЕМЈА

Во утробата на природата, во исконската почва на создавањето, лежи скриениот клуч на сите предмети, рече Пол Кле, поетот меѓу модерните уметници.

Дали можеме да си ги наредиме нашите мисли, така што ќе бидат независни од било каква дневна преокупација?
Дали секогаш можеме да ги забележиме сите нешта околу нас, со нив да креираме совршен мозаик, како што тоа го прави природата?
СЕКАКО, човекот е бесконечен во своите дарби на комбинирање, за конечно да си го уреди сопствениот универзум: Како доминото од нашето детство, или како сложувалката со која космосот ги реди нештата со вселенска хармонија, мир, љубов…

Земјата е нашата почва.Таа е тлото на кое чекориме, цврстината и сигурноста која ја посакуваме, низ целото наше патување, низ здивот наречен живот.

Кога ќе земеме грст земја во нашата рака, можеме ли да го видиме во неа, последниот слој од планетата Земја, која во безгрижен ред живее во влесената?
Последниот слој, оној кој нѐ носи, нѐ заштитува, нѐ храни?

Сме помислиле ли, дека дрвјата се прекрасни и зелени, поради тоа што директно се хранат со суштината, со јадрото на планетата мајка?

Сите цвеќиња, зелената мека трева, целата храна која ни е корисна, ја носат во себе есенцијата на мирот.
Сѐ може да се промени околу нас, освен нашето срце, љубовта и нашите стремежи да го спознаеме божественото.
Но сепак,никогаш сосема не преминувајте го прагот на сонот, никогаш не напуштајте ја земјата, која нѐ храни.

СИТЕ ЕМИСИИ