РИЕКА

Град со идеална географска положба, во Риечкиот залив, дел од поголемиот_Кварнерски залив_на_Јадранското Море. Град во кој низ историјата, архитектите од минатото и на австро-унгарскиот архитектонски стил, оставиле печат, за постепено градот да се претвори во удобен средновековен европски град, со космополитски мирис и вкус. Град кој сите современи европски новини ги примил со раширени раце не заостанувајќи во ништо а не заостанал и во поморството од светски размери. Риека е град на индустријата, културата, историјата, академски центар и привлечна туристичка дестинација. Духот на минатото испреплетен со современите вредности Ве оставаат без здив во секое време од годината. Во градот има прекрасни споменици на културата, театар со кој градот се гордее а според мештаните во Риека живеат луѓе од целиот свет, коитопло се прифатени од нив. Градот е космополитски и семеен, велат неговите жители. Иако е примамлив за посета во секое време од годината, посебен шарм има во февруари кога се одржува познатиот карневал. Карневалот има стогодишна традиција која се одржува и денес на еден величествен начин со многу богата програма. Преку слика и тон, многу повеќе за овој убав град на Јадранот.

СИТЕ ЕМИСИИ