ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ

Развивањето на подводната археологија доведе до епохално значајни откритија преку Музејот на вода „Залив на коските“ во Охридското Езеро. Импресивно и доволно провокативно место за посета на сите љубители на убавините и културно-историските вредности. Населбата датира од бронзеното и почетокот на железното време. Поточно, кога на овие простори егзистирале Бригите, кои се составен дел на старомакедонскиот етнички супстрат. Се работи за втората етапа од праисторијата, кога човекот живеел во определени услови и околности со своите специфики, живеел во племенски заедници, се занимавал со земјоделие, лов, риболов. Како што запишали Херодот, велат археолозите, луѓето опстојувале по некои воспоставени стандарди иза ловот, правејќи орудија, кои им помагале да опстанат.Подводната археологија, во овој Музеј, дошла до низа откритија, откако се започнати археолошки истражувања во1997 година.Инаку, според истражувањата, населбата имала 24 куќи и во таа насока се заложбите таа да го добие вистинскиот изглед, за да се долови начинот на живеење од бронзеното и железното време и тоа да се презентира на денешниот цивилизиран свет.Музејот е многу посетен, што ја покажува неговата фасцинантна привлечност за туристите, зошто претставува вистинско патување низ времето.Репортажата содржи многу повеќе за овој Музеј на вода:

СИТЕ ЕМИСИИ