за ПРОЕКТОТ

Репортажи за македонските предели, планини, опсерватории, езера, клисури, села, градови,манастири…Но и убавините на носталгичната црногорска убавица, до бисерот на ориентот, распослан на два континенти, до раскошноста на современите западни метрополи.
Во репортажите на НАША ТВ, преку слика и убав збор, се вткаени километри поминати низ убави места, кои ја цртаат убавината на Македонија.
Низ нашите репортажи раскажуваме заедно со љубителите и почитувачите на македонското поетско-книжевно уживање, за да не се заборави големината на нашиот Рацин, на неговите „Бели мугри“,како вечна тема и лекција која Рацин ја одржа на Македонецот уште одамна, заземајќи го достојното место во редот на основоположниците на современата македонска книжевност.
Колку е богата државата, потврдува и бисерот за астрономијата, местото кое го означува изгревањето на Сонцето и Месечината,преку седумте камени маркери на Мегалитска опсерваторија Кокино, која датира од 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

Во изборот од репортажи се наоѓаат и нашите убави градови. Секако, Битола, градот на конзулите, за да се прошета низ Широк Сокак и да се размени муабет со битолчани, додека раскажуваат за историјата, обичаите, за животот.

Ние раскажуваме приказни за нашите убавици, Скопска Црна Гора, Попова Шапка, Јасен, Маврово, единствената Матка, Вевчани, Струмица со своите карневали и маски, Заливот на коските, се до нашите духовни светилишта, уживање низ слика и убав збор, предизвик и тие да се погледнат.

Прошетавме малку и надвор, носталгијата навраќа во Будва, Риека, будејќи стари спомени од едно убаво време. Секако и во светот на ориентот, Истанбул, распослан на два континенти па се до современиот западен свет, Брисел, Хамбург, во Европа.
Во сиот контраст, се испреплетуваат сликите на природата, убавите предели, со оние во многу ориентални бои и звуци, до колоритот на она што се европските градови и нивните културно-историски знаменитости, начин на живот, традиција, нешто што од секогаш восхитува да се посети.
Репортажи. Избор на дестинации за секого,

Кон проектот