nasa tv
 
HomeКултураКултуро„КУЛТУРО“ на НАША ТВ

„КУЛТУРО“ на НАША ТВ

„КУЛТУРО“ на НАША ТВ

Проектот КУЛТУРО е ТВ формат кој има за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, филозофијата на живеење, отворени прашања, перспективи, насоки на расмислување и делување, преку неколку различни форми да ги приближи, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум, што го прави уникатен во медиумскиот простор во Македонија. На тој начин го поткрепува главниот концепт на НАША ТВ, да афирмира, споделува, негува позитивни настани, со што ја претставува својата културна, културолошка и едукативна функција, како придонес кон основните начела на НАША ТВ за негување вистински и трајни вредности.

КУЛТУРО се развива во три различни насоки:

• КУЛТУРО – ФОРУМ – дебатна емисија во времетраење од 60 минути, со најмалку три соговорници, кои ги споделуваат и спротиставуваат своите размисли, начини на делување, како и решенија за одредени проблеми што се однесуваат на културните и воопшто општествените перспективи на живеењето во нашата средина. Уредник и водител на оваа форма на КУЛТУРО е Јасмина Спасовска, која со својот ненаметлив шарм, но и со „острината“ на мисла навистина успешно ги води своите гости до крајната цел – афирмација на сите позитивни културни и културолошки процеси кај нас;

• КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ – некласичен разговор од 60 минути, со една наша проминентна личност од културно-општествениот живот – во распон од највозрасните до најмладите генерации уметници или културни дејци, во кој преку речиси интимни професионални исповеди пред ТВ гледачите се отвора светот на творецот од секој аспект: во однос на самиот себе, во однос на другите, во однос на системот во кој создава, како и во однос на местото кое го има неговото творештво и вон границите на нашата земја. Уредник и водител на овој дел од КУЛТУРО е младата режисерка Теа Беговска, која со својата младешка бунтовност, раскошна елоквентност и широчнина во своите визии за светот во кој живее, на вистински начин ги извлекува и најинтимните размисли на своите соговорници;• КУЛТУРО – ПРЕС – секојдневно следење и емитување прилози, во времетраење од 10 до 20 минути, за сите атрактивни културни настани што се случуваат кај нас, како што се прес конференции за театарски, оперски, балетски претстави, концерти, промоции на филмови, музички дела, отворање на изложби, промоции на нови книжевни дела, перформанси…

КУЛТУРО е втора сезона во етерот на НАША ТВ. За овој релативно кус период низ него поминаа околу триста (300) гости – најзначајните уметници, културни дејци и творци, кои без исклучок, дел од нив и во самата емисија, а другиот дел по гаснењето на камерите, истакнуваат дека проектот КУЛТУРО со својата уникатност во медиумскиот простор, е навистина најзначајниот проект во оваа област кај нас, и кој безусловно треба да се развива и понатаму.

КУЛТУРО – ФОРУМ и КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ имаат по две премиери неделно (секоја по уште две репризи), а КУЛТУРО – ПРЕС оди секојдневно, што значи, НАША ТВ одвојува преку 800 минути за култура неделно. Тоа ја прави навистина посебна, во однос на другите ТВ куќи каде нема ни 5 минути култура неделно.

НАША ТВ во проектите КУЛТУРО – ФОРУМ, КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ и КУЛТУРО – ПРЕС секојднево и тесно соработува со МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР, ДРАМСКИ ТЕАТАР, МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ, МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА, ТЕАТАР КОМЕДИЈА, ТУРСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР, НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА, ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ОД ПРИЛЕП, МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ, КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР МАЛА СТАНИЦА, НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА „ДАУТ ПАШИН АМАМ“, МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ, КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА и сите други значајни институции од областа на културата и уметноста во земјата. Емисијата КУЛТУРО својот печат го става и во профилирање еминенти и значајни личности со светски признанија, кои со своите дела оставиле длабока трага и печат во нашата држава.

Гости во КУЛТУРО до сега се многу значајни јавни личности од областа на културата, кои се и наша поддршка: Драган Даутовски, Сергеј Андреевски, Александар Прокопиев, Гаро Тавитјан, Вангел Божиновски, Коле Манев, Љубомир Цуцуловски, Коле Ангеловски, Елена Дончева, Жарко Димитриовски, Билјана Пашариковска, Валентино Скендеровски, Љупка Џундева, Милица Стојанова, Благоја Нацовски, Ѓорѓи Цуцковски, Олга Панго, Дејан Пројковски,
Бодан Арсовски, Љубиша Георгиевски, Снежана Коневска Руси, Благоја Чоревски, Искра Гешовска, Ристо Стефановски, Емин Џијан, Бодан Арсовски, Тања Кокев, Саша Евтимова, Бисера Чадловска, Дарко Лешоски, Елизабета Шелева, Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија, Драган Б. Костиќ, Висар Вишка, Горан Трајковски – Готра, Сашко Насев, Иван Поповски, Искра Шукарова, Бени Шаќири и многу други.
Досега снимени и емитувани се 93 изданија на КУЛТУРО ИНТЕРВЈУ со Теа Беговска и 61 издание на КУЛТУРО ФОРУМ со Јасмина Спасовска.

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва реприза Втора
реприза Времетраење во минути
Понеделник 20:15 12:00 60
Вторник 20:15 16:00 60
Среда 20:15 60
Четврток 18:15 21:30 60
Петок 19:10 60
Сабота 16:00 21:30 60
Недела 18:15 11:00 60

Share With:
Rate This Article

andrejevtimov@gmail.com

No Comments

Leave A Comment