БРИСЕЛ

Од град на мочуриште, до град кој е центар на европската цивилизација. Станал седиште на европската економска заедница во 1958 година, а во 1967 година и седиште на НАТО.Денес градот е место на најголем број меѓународни организации и живеалиште на најголем број дипломати во светот. По Њујорк, Брисел е град кој можеда се посети во секое годишно време, особено од мај до септември. Градот е збир на повеќе култури, архитектури, историја комбинирана од народите кои живееле и живеат тука. На познатиот плоштад, во центарот на градот, историјата се наѕира од секој агол а вековите се преплетуваат преку монументалните градби кои сведочат за богатата историја, до денес. Тука, не може да се заобиколи и Фонтаната на момчето кое мокри, како познат споменик на култура и симбол на градот кој привлекува туристи од целиот свет. На секои две години Брисел ги собира и љубителите на цвеќето со познатата манифестација, „Цветен килим во Брисел“. Историја, традиција, култура, познати белгиски чоколади и вафли, кои не оставаат рамнодушен ниту еден посетител на Брисел.Поголемо уживање во Брисел, преку нашата репортажа:

СИТЕ ЕМИСИИ