ВЕВЧАНИ

Ова мало, како од Бога дадено парче земја во југозападниот дел на Македонија е вистински рај за љубителите на природата, традицијата и духот на христијанството. Недопрената природа, автентичниот амбиент, традиционалната храна, љубезноста на жителите, подредено на она што значи македонско, исконско, вековно. Освен што е познато по традиционалниот Вевчански карневал кој секоја година се одржува на Василица, 13 јануари, изобилува со недопрена природа како што се Вевчанските извори, кои претставуваат заштитена еколошка зона, како воодушевувачко катче за одмор, медитирање и уживање. Пишаните извори сведочат дека карневалот е стар 1460 години, други пак 2200 години. Денес карневалот е интересно преплетување на пагански со христијански обичаи, кои привлекуваат посетители од земјата и светот. Вевчанскиот карневал веќе е ставен и на мапата на познати светски карневали, од 1993 година, со членството во Здружението на европските карневалски градови, со што станува уште поголема и препознатлива туристичка атракција. Карневалот од година во година се повеќе го привлекува интересот на јавноста, како од земјава така и од странство, со што привлекува голем број туристи. А за Вевчанскиот рај и природата? Секогаш имаме што да ви раскажеме.

СИТЕ ЕМИСИИ