ТРЕТО ДОБА

Тема посветена на старите, почитуваните граѓани од трето доба, кои се извор на животни мудрости и спокој, кој влева доверба да се работи на наоѓањето внатрешен мир, да се разбере подобро животот и неговата вредност.Конечно, да се научи како да се бара среќата, која е нешто што се одбира однапред, што сме го замислиле дека ќе ни биде среќа, кога да биде и каква да биде таа наша среќа. Преку споделување на многу размислувања на еминентни ликови од нашето културно и општествено живеење, нивните гледишта за староста, зрелоста, поминатото време и она што е нивно секојдневие а сите тие како релевантни соговорници за оваа тема. Ставови на надлежните институции и ставови на приватните установи за згрижување на старите лица, за односот кон нивната грижа и солидарноста. Преку низа примери и лични посети на стари лица, лица со попреченост и со вклучување на алармот да се најде начин и средства да им се помогне.
Емисија исполнета со многу емоции и спомени, како и сериозни оценки што и како треба да се направи за темата.

СИТЕ ЕМИСИИ