за ПРОЕКТОТ

ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛИ / ПОТОЧИЊА

Со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката.а секоја година редовно ја најавува пролетта.
Децата преку песна зачекоруваат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните…

Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,ПОТОЧИЊА ” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца – учесници на возраст од 5 до 12 години.
11 години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање изминатите години ПОТОЧИЊА своите изданија ги реализира во Македонската Опера и Балет.
Детскиот фестивал ,,Поточиња’’ и во иднина неуморно ќе продолжи да ја развива детската музичка култура и преку забава едукативно да влијае на децата.

Кон проектот