IN VINO VERITAS

Виното е како и човекот, таман ќе поверуваме дека го познаваме, а тоа ќе не изненади со нова убавина.Некои луѓе сметаат дека виното и животот се синоними. За виното велат дека е храна, а го пиеле и боговите на Олимп.
Се смета за најприроден производ на трпезата.

Кога станува збор за виното сите легенди треба да се прифатат како вистинити. Во нив не верувааат само оние кои никогаш не го почуствувале таинствениот залажувачки вкус на виното, што навестува откривање на мистериите.
Ако судиме според латинската изрека,, In vino veritas“ или “Во виното е вистината” , виното е постаро и од Латините, па некои духовити луѓе би прокоментирале дека виното е постаро и од вистината. Научните факти говорат дека виновата лоза е меѓу првите растенија што човекот почнал да ги одгледува. Речиси во сите периоди од човековата историја виното има некој степен на култ. Старите Египќани пред повеќе од пет милениуми на ѕидовите на фараонските гробници ја насликале приказната за цедењето на грозјето. Старите Грци дури имале и свој бог на виното, пијаниот Дионис. Тој меѓу 12 бесмртни го добил почесното место до Богот над Боговите, Зевс.

Виното ја поттикнува фантазијата, интелигенцијата и креативноста. Талентираниот винопија велат дека е господин. Само на избраните им е дадена таа умешност да ги разликуваат сортите и квалитетот на виното. Овојпат Ќе говориме за шардонето. Го вбројуваат во групата сорти на бургундец. Според класификацијата направена од група експерти за виновата лоза и виното, оваа сорта се смета за интернационална. шардонето потекнува од Франција, но од таму се раШирило во многу земји како Италија, Германија, шпанија, Русија, Калифорнија, Аргентина, Австралија, Јужноафриканската Република. Татковина на шардонето е областа шабли во Франција. Се служи на подрумска температура, односно на температура од 10 степени.

Науката констатира дека виното е богато со хранливи материи и нутриционистите го сметаат за храна, а не за алкохол, без оглед што во својот состав има од 10 до 16% алкохол. Оваа светска класификација на виното во храна, сепак кај нас се уште не е прифатена. Секако треба да се има предвид дека благотворното дејство на виното е кога се консумира разумно и во умерени количини, како и впрочем и за се во животот. Важно е во културата на исхраната да се знае дека виното најмногу му користи на организмот, а најмалку му штети ако се пие за време на оброкот.

СИТЕ ЕМИСИИ