Четвртиот елемент, од кој филозофите на природата ја црпеа својата теорија за настанокот на светот, беше воздухот.
„Како што со нас владее нашата душа а таа е воздух, така и со космосот владее здивот, односно воздухот кој го опфаќа во целост“- рече Анаксимен, кој е роден во 580-тата година п.н.е.
Анаксимен вистината за косомосот, ја побарал во светлината на секојдневието.Набљудувајки како сите живи суштества, се одржуваат и се развиваат со вдишување и издишување на воздухот, тој доаѓа до сознанието дека токму воздухот е основниот елемент на животот.Објаснувајки дека се е создадено од неговото згуснување и разредување.Воздухот е невидлив, но со неговото движење-ветрот, со неговата влажност, топлината и студот, знаеме за него.
Невидливи се и облаците, кои настануваат со помош на мешавината на водата и воздухот.За нив знаеме од оние кои патуваат над небото на нашиот град а тие знаат да бидат прекрасно сини, црвени, портокалови, виолетови.Знаеме и за нив, кога во пролетно утро, на пат кон нашето работно место,с осема случајно нѝ преоѓа нашиот поглед на еден осамен облак, кој си ја бара својата среќна половина.
Ветерот е воздух, во кој молекулите се движат вознемирено.
Ветерот ја има моќта на вселената.Со добриот ветер можеме да ја разбркаме прашината насобрана во нашата душа, во истиот тој ветер можеме да се чувствуваме лесни и разиграни.
Воздухот се наоѓа насекаде околу нас, секоја пукнатина, шуплина, во било кој простор кој не е исполнет со нешто.
Здивот значи живот, последното издишување го одбележува крајот на животот.
Да се обидеме да не го стартуваме нашиот автомобил, ако не е неопходно.
Можеме на ВОЗДУХ да прошетаме до работното место.Тоа е здраво и раздвижувачко искуство.