МИР

Кога би си одвоиле време само за нас и кога би се обиделе да ја допреме нашата суштина, на самиот почеток би морале да го расчистиме патот до нас, од сите непотребни слоеви, кои попатно нѝ се залепиле. По таа мини или макси „генералка“, конечно ќе дојдеме до нас, до тоа што нѐ чини нас.
Какво чувство на блесок!

По затруеното, невнимателно однесување кон себе, заклучуваме дека конечно треба да се вратиме кон исконската потреба од МИРОТ, онаков каков што го познаваме, од самиот почеток на нашето постоење.
Сеќавајки се на тоа како природата ужива мирно и стамено или на космосот со неговиот беспрекорен ред , разбираме дека тоа е нашата суштина, по примерот на сите нешта во Универзумот.
Мирот, како космичко ултимативно правило.

Кон мирот се стремиме кога посегаме по омилената книга и заминуваме во соседниот парк.Кога медитираме, кога танцуваме или пешачеме на блиските планини, кога се молиме…

Само за мирот секогаш имаме време.И ако за миг, мирот нѐ напушти оставајки им простор на грижите, немирот и раздразливоста, се обидуваме за миг да застанеме и да се сетиме дека мирот започнува од нашата душа, односно, од нас.

Христовиот мир, пак, е состојба на духовна контемплација.
Кај Индијците, шанти е барање на внатрешниот мир, со гаснење на немирот и страстите.

Нобеловата награда за мир, се доделува од 1901 година.Една од добитниците е скопјанката Гонџа Бојаџиу, односно Мајка Тереза, која целиот свој живот го посвети на мирот и на помошта кон обесправените, болните.
Ова се дел од поуките на Мајка Тереза: „Чесноста и искреноста ќе те направат ранлив.Не е важно, биди искрен и чесен.Ако им помагаш на луѓето, може да минеш лошо.Не е важно, помагај им.“

Оваа планета Мајка, за среќа, има битија кои верувале во мирот и истиот го ширеле: Махатма Ганди(во превод значи „Големата душа“), Исус, Буда…
Тие инспирираат на етичност, имаат сила да поднесуваат, простуваат, не повредуваат други, помагаат.
Да не ги заборавиме ниту за еден миг, овие свети луѓе и нивните пораки.
Бидете мирни, сакајте се и создавајте добрини.

СИТЕ ЕМИСИИ