ЕНЕРГИЈА

СИТЕ ЕМИСИИ

Во постојаната потрага по настанокот на светот, мудреците од пред нашата ера, размислуваа кој би можел да го изгради целиот космос: „Материјата или енергијата“ ?!

Колку често, само во еден ден, во нашиот говор ја употребуваме „енергијата“?
Повикувајки ја, кога сме истоштени од работните амбиции, од безредието во нашите емоции, кога нашето сонце ќе се најде од другата страна на нашата зелено/сина планета. Или,кога поради нашата доблест, сме сигурни дека сме ги поттикнале и удвоиле позитивните мисли на другите.
Енергијата е најфасцинантната невидлива сила, која го движи светот!
Таа е Бог на сите материјални и нематеријални нешта. Уште повеќе фасцинира заклучокот на физичарите дека Таа(енергијата), не настанува, ниту пак се губи, туку едноставно преоѓа, од еден во друг вид.
Таа фасцинира без разлика дали самата дејствува во создавањето, или со своето дејствување предизвикува создавање на нешто друго.

Водата на врвот од водопадот е толку прекрасна, заради тежината од насобраната енергија а токму поради неа знаеме за светлината во темнината.

Можеме ли енергијата да ја замислиме како милјон молекули, кои во ред на една спартанска војска, се стремат кон создавање на идеална држава?!
Или,како милјон збунети молекули испратени од паднатите ангели, кои од едноставната завист, или незнаење, пустошат сѐ што ќе им се најде на патот…

Сме го замислиле ли барем еднаш ликот на Бога, како најголема ментално-силна енергија, која од судирот со самата себе го движи светот?!?

Многу одамна, од кога историјата знае за човекот, тој бил фасцинран од громот.
Искрата, која му го создала светиот оган.
Потоа….времето поминуваше…..Енергијата на водата беше првата природна сила, која човекот ја скроти и започна да ја употребува за корисни цели.

Талес, нашиот мудрец, освен што ја виде водата како најголема духовна супстанција, тој, со космичката случајност, ја отвори вратата на тајните на електрицитетот. Преку мистичните искри кои се создаваат, кога ќилибарот се трие со волна. Искри кои зрачат со живот, светлина!
И конечно, енергијата без која не можеме да го замислиме светот – СТРУЈАТА!