Ден кога се затвора една убава детска бајка и кога се oтвора едно ново поглавје во секој детски живот.Да, тоа е денот кога се кажува збогум на градинката, каде поминале најбезгрижните денови и кога се станува прваче. Во духот на овој посебен ден, свеченост со која се испраќаат во прво одделение , најмалечките од големото семејство на НОВА. Таму ќе речат, „и од најмалото зрно, никнува големо дрво“, зошто секој ден во овие деца посадувале по едно малечко зрно,со верба дека ќе им помогне да пораснат во силни возрасни личности. Но,за да успеат во тоа, им требаат длабоки корени, корени забиени во плодната почва на самодовербата, цврстите морални вредности и убедувања. Секој ден овие мали детски главчиња, мора да се полеваат со верба, добрина и љубов. Мора да се потхрануваат со знаење, решителност и посветеност. Мора да се води грижа за нив, за да цутат во креативни, љубопитни, интелигентни граѓани и лидери. Затоа, тешко им паѓа разделбата со нивната градинка, бидејќи тука почувствувале дека се сакани, дека сите се „слатки, љубезни, нежни и многу е забавно“, зошто ако не успеат им се дава шанса да се обидат повторно и повторно, а со предизвиците им се помага да пораснат, зошто пријателите грешат, се извинуваат и простуваат. Но, најдобрите мостови се мостовите изградени од другарство,бидејќи иако се многу различни, тие се како едно. Со сеќавањата на најсмешните моменти со другарчињата, во име на убавите денови во НОВА, сакаат да продолжат понатаму, во ова големо семејство, за да откриваат нови предизвици. Но, што сакаат на научат во прво? Ех тоа е многу тешко прашање. Зошто има многу одговори. Некој сака да чита книги и да научи нови нешта, некој сака да научи за планетите, некој пак, во прво сака да научи кога ќе порасне како да изгради хотел од мраз, кој најмногу го сака. Некој очекува во прво да научи да црта и чита, ако може и побрзо, но и повеќе, за да биде најдобар.Сакаат да учат и математика, но да научат и за каменото доба и уште што друго нема да посакаат овие умни детски главчиња. Полни со детски соништа, сакаат да бидат и астронаути, полицајци, пронаоѓачи, диџеи, музичари, артисти…
Што научиле,пак, во градинка? Научиле многу, почнувајќи од различните култури, различните приказни, сами да си направат играчки, да смислат игри, прочитале многу книги, решиле многу задачи по математика. Направиле и научиле многу, но треба уште многу да направат и да научат во иднина. Затоа, во големото семејство на НОВА, многу места чекаат на нив.
Затоа, здраво првачиња и добредојдовте на новото возбудливо патување во основното училиште.