Успешно завршено петто одделение, една успешна петка за сите храбри научници, истражувачи, спортисти, музичари, сликари,танчери…А, за да се прогласи успех, потребен е огромен труд на сите кои се дел од оваа успешна петтоодделенска приказна, учениците, професорите и целиот тим на големото семејство на Меѓународното училиште на НОВА. Без несебична љубов, поттик и поддршка, на учениците за време на првите училишни години, од страна на родителите и на професорите, со нивната професионалност, енергичност и посветеност во процесот на едукација и развој на учениците, ништо не може да изгледа вака успешно како една епизода од она што значи образовен процес на децата. Како изгледа оваа весела дружина, е тоа е приказна која треба да се види. Тоа беше школски живот исполнет со предизвици,меѓусебна поддршка, забава, покажување на добрина на дело. Реализирање на проекти, на програмата за општествена одговорност, многу иницијативи за помош на луѓето и животните, до поддршката на помладите ученици, грижата за своето училиште и околината. Кога конечно го презедоа приматот на најголемите ученици и лидери помеѓу малите ученици, е тоа беше убава слика за гледање во НОВА .Среќата е уште поголема кога се знае дека овие ученици развиле пософистицирано гледиште кон книжевноста и јазикот, научиле посложена математика и соработувале на темите на интернационалната програма кои вклучуваа концепти од науката и општествените науки. Овие години беа збогатени со различни култури, луѓе, искуства, приказни и смеа кои ја оформија ваквата динамична, чудесна генерација, велат нивните професори. Затоа им даваат последна задача, да продолжат да го развиваат тој потенцијал и да пораснат во храбри проучувачи и млади луѓе кои ќе го предизвикуваат и ќе го променат светот. А, имаат добра основа за тоа, бидејќи учеа по моделот на учење базирано врз истражување, кое предизвикува таква возбуда кај учениците што едвај чекаат да станат експерти во одговарање на своите прашања. Потоа,бараа најразлични извори и ја искажуваат нивната уникатна креативност, се нурнаа и во пекарството, за да научат како се прави најубава македонска пита, учеа и за човечкото тело, отидоа со истражувањата и во Мадагаскар, кај Маите, учеа за Јозеф Хајдн. Но, научија многу и за пријателството, тимската работа, истражувањето, за интернационалната отвореност, за истрајноста, позитивноста, флексибилноста, уникатната креативност. Знаат за напорна работа, за љубезност, емпатија, дарежливост ,за храброст, за независност, почитување. Научија и за важноста на комуникацијата и соработката, толеранцијата, за самодовербата, одговорноста, прилагодливоста. Петтооделенците завршија еден дел од нивното патување, но сега се на почеток на едно поголемо. Оваа група ученици е подготвена да продолжи понатаму и да се соочи со предизвиците кои ги носат шесто, седмо и осмо одделение, зошто децата се големи онолку колку што се големи и соништата што ќе се осмелат да ги живеат во понатамошното школување.
Ние ќе речеме, да си постават високи цели и секогаш да имаат големи соништа