ПОЛУМАТУРСКА СВЕЧЕНОСТ 2020

Оваа учебна година беше исполнета со предизвици и нови искуства, а нашите осмоодделенци, предводени од нивните учители, секоја една препрека ја дочекаа со отворено срце и ум, не плашејќи се од можностите. Кога се одбележува една ваква завршница, сосема природно треба се да се прослават сите достигнувања. За оваа генерација, завршувањето на учебната година значи една нова добро научена лекција, зошто се случуваше во сосема нови услови. Но, Нелсон Мандела рекол: „Не ме суди според мојот успех, суди ме по тоа колку пати паднав и повторно станав.“Оваа година, имаше моменти кога бевте успешни и моменти кога се чувствувавте поразено.Но, едно од најдобрите нешта во вашата генерација е тоа што кога некој од вас бил соборен  тука биле многу раце кои помогнале да ве кренат. Понесете ги овие чувства на поддршка и другарство и во средното училиште и посакајте им добредојде на новите ученици што ќе ви се придружат следната година“, им порачуваат  професорите. Ат ие, и во вакви околности, како и секогаш, како вредни осмоодделенци од НОВА, се закитија со признанија и награди, за извонредност, достигнување, граѓанство. Но, сега е време за нов почеток. Преминуваме во средно училиште. Осмоодделенците, иако во иднина ќе се соочат со многу поголеми предизвици, тоа ќе ги  направи посилни личности за понатаму и ќе изградат трајни врски со другите луѓе кои ќе ги запознаат. Но, никогаш не треба да се заборави дека сè се случува со причина, или како што рече еднаш, една мудра жена: „Како што созревате, ќе сфатите дека правилата се создадени за да се кршат. Бидете доволно смели да го живеете животот според вашите убедувања и никогаш, никогаш немојте да се извинувате за тоа. Одете спроти ветрот, не се приспособувајте, тргнете по патот по кој помалку се оди, наместо по оној кој е добро изгазен. “ Овој цитат го претставува сето она што треба да го научиме, тоа дека не можеме да ја живееме иднината каејќи се.

Во август тргнувате на едно ново патување во вашиот живот, наречено – средно училиште. А што да се каже за некој кој ќе заплива во средното училиште, што да очекува, каков совет ќе му  помогне да се соочи со новото поглавје во  животот. Сепак, ајде да ги споменеме и советите: бидете внимателни што си зборувате  себе си. Научете сами да се бодрите, да си навивате за себе. Да, ќе имате предизвици кога ќе се посомневате во себеси, но секогаш трудете се да нурнете длабоко и да го послушате тој внатрешен позитивен глас.  Престанете да се споредувате со други. Споредбата со други е непотребна дистракција. Вие сте уникатни и посебни. Надминете ги ограничените верувања. Повеќето луѓе имаат потешкотии да поверуваат дека можат да постигнат големи нешта. Вреднувајте ги другите.  Направете ја вистинската работа, па дури и да е тешка, за да стекнете интегритет.  Прославете ги малите победи. Ќе искусувате мали победи во текот на вашиот живот. Прославете ги.

И сега кога чекаат новите авантури во средното училиште, останува: Само напред и бидете брилијантни!

СИТЕ ЕМИСИИ