ПРОКРЕДИТ БАНКА – Цени на банкарски услуги

Банките во текот на пандемијата направија промени во пласирањето на услугите.  Речиси сите банки го зголемија промовирањето на користење на електронски услуги и соопштија дека имаат зголемување на бројот на трансакции преку онлајн каналите, во споредба со традиционалниот начин на работа, кој повеќе го практикуваа во периодот пред пандемијата.

Во банкарскиот систем, постои единствена банка, која е целосно дигитална банка уште од 2015 година, а тоа е Прокредит Банка. Затоа, во прилогот правиме анализа на состојбите, како резултат на искуството, кое го има првата дигитална банка, во делот на користење на електронска услуга од банка, условите за користење и цените, процесите на дигитализација и нивното позитивно влијание врз работењето и услугите за клиентите. Воедно, во прилогот  зборуваме и за влијанието на цените, односно дали  користењето на дигитална услуга значи и повисока цена, односно повисоки провизии, како резултат на вложувањата кои се направени од Банката, како и прифаќањето на модерната технологија и дигиталните услуги од клиентите, потоа  заштедите за клиентите, бидејќи Банката го практикува овој начин на работа уште од 2015 година, со мотив  да изгради едноставен концепт за работа базиран на дигитални услуги.

СИТЕ ЕМИСИИ