На банкарскиот пазар, кај сите банки во изминатите неколку години, се забележува тренд на континуиран пад на каматните стапки на кредитите, особено кај станбените кредити. Се очекува овој тренд да продолжи и во следниот период. Населението во земјата има тенденција за редовно користење на кредити за различни потреби и цели.Во ваков амбиент, како изгледа да се работи успешно, по еден поразличен, но уникатен банкарски модел, на тема кредити за физички лица, каков што го има ПроКредит Банка, зборуваме со одговорен за кредитирање физички лица во Банката.
Во услови, кога сме преплавени со различни понуди за различни типови на кредити, кои се нудат на пазарот од страна на банките, ПроКредит банка има само 3 типа на кредитни производи за физички лица. Во прилогот споделуваме објаснување околу тоа, дали оваа понуда ја задоволува потребата на населението. Одговорните велат, дека стратегијата на Банката, во однос на кредитирањето на население, се заснова на одговорно кредитирање на клиентите со цел да се избегне презадолженост. Целта на кредитите е да го поддржат клиентот во неговата инвестиција, едноставно и брзо на транспарентен начин. Затоа, како банка поддржуваат инвестиции кои што се економски исплатливи и кои што резултираат со креирање на нова вредност кај клиентот, на пример купување на стан/градење на куќа, или купување на нов автомобил или инвестиции во енергетско ефикасни проекти, кои на долг рок значително ќе ги намалат месечните трошоци на едно домаќинство. Банката има каматни стапки на кредитите, кои се фиксни што за клиентот значи предвидливост и стабилност.
Населението често пројавува голем интерес за кредити, но не секогаш знаат што треба да споредуваат меѓу понудите на банките. Затоа, во прилогот и за деталите на кои треба да внимаваат клиентите кога одбираат кредит во една банка. Воедно, насоки и објаснувања и за каматните стапки, бидејќи тие варираат од банка до банка и во зависност од типот на кредитот и затоа е важно клиентите да знаат да изберат најповолна понуда. Земајќи во предвид дека ПроКредит е првата дигитална банка на банкарскиот сектор, објаснуваме како клиентите аплицираат за кредитно барање и колку Банката е поразлична од останатите банки во овој дел.