ФУНКЦИОНАЛНИ КОЛАЧИ 4U – МАКЕДОНСКА ИНОВАТИВНА ПРИКАЗНА

Во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во Скопје беше претставена новата линија функционални колачи од брендот 4U. Станува збор за први колачи од македонско производство, кои позитивно влијаат врз метаболизмот, како и врз целокупното здравје на човекот. Мотивацијата за овој проект е поттикната од потребата за проширување на палетата на производи и со тоа диверсифицирање на ризикот, како и следење на светските трендови во индустријата. Станува збор за развој на сладок асортиман на функционални колачи со вклучени активни состојки, коишто се дел од балансираната и здрава исхрана. Развивањето на линијата здрави колачи 4U е одличен пример за доброто функционирање на спрегата наука – производство, со цел создавање храна на иднината. Таа ќе ги задоволи современите барања и потреби на потрошувачите на македонскиот и на странскиот пазар. Тенденцијата е ваквите производи да бидат лесно достапни во аптеките, продавниците за здрава храна и останати специјализирани продавници. Корисници на оваа функционалната храна, ќе бидат популација помеѓу 30 и 60 години, едуцирани и работоспособни луѓе, кариерно ориентирани луѓе кои консумираат закуски во движење, луѓе кои се грижат за своето здравје и изглед.

На настанот се обратија:

Татјана Танева Новаковска-  генерален менаџер на „Жито Пром“ Гевгелија

проф. д-р Јана Клопчевска – Технолошко-металуршкиот факултет, Скопје

Никола Клопчевски – сектор за мониторинг на ФИТР

Ангелчо Јованов – технолог во „Жито Пром“ Гевгелија

СИТЕ ЕМИСИИ