По осамостојувањето на Македонија, нашата фудбалска репрезентација во 1993 година го одигра првиот официјален натпревар под симболите на својата држава. Во тогашниот тим, кој во Крањ ја декласира Словенија со 4:1, се наоѓаше и вардаровиот одбранбен играч Љупчо Марковски – Калц. Потоа, тој настапи уште 29 пати за македонската сениорска репрезентација. Покрај во ФК Вардар, тој имаше успешна кариера и во бугарскиот ФК ЦСКА, а беше клучен играч и во тимот на ФК Скопје од Автокоманда. Потоа, Марковски кариерата ја продолжи како тренер.