ТРИ БИЗНИС ВЕСТИ

ЕУРОЛИНК СО НОВ ОСИГУРИТЕЛЕН ПРОДУКТ-ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ И ВЕЛОСИПЕДИ

– Новиот производ започна од ноември 2020 год. Под слоганот “Сврти на сигурно”

– Полиата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди

– Каското е единствено решение кое овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата

 – Основниот пакет BIKE чини 61,5 денари, а проширениот пакет BIKE+ со вклучено каско осигурување се пресметува зависно од вредноста на истиот и започнува од 100 денари месечно

 


НОВ ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ ЗА ТРГОВИЈА

 –Проектот за нов едношалтерски систем за трговија е во насока на стратешките определби за унапредување на регионалната соработка

 -Работен состанок за развој на Нацрт концептот за нов едношалтерски систем за трговија

 –Реализацијата на овој проект ќе резултира со намалување на трошоците за извоз и увоз

– Ќе се овозможи  редукција на не-тарифните бариери, времето за царинење на стоките и сите други пропратни трошоци, за најмалку 10 отсто


ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА 6000 ЛИЦА ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

 – Анализи на Министерството за труд и социјална политика

 –  Возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат  околу 6.000 лица

– Согласно предложените законски измени сите тие нема да одат во пензија

– Дел  од нив веќе имаат поднесено барање за продолжување на работниот однос