Во справувањето со инфлацијата, клучна улога имаат мерките на Народната банка. Таква е состојбата и на светско ниво, улогата на централните банки во справувањето со инфлацијата, е сè позначајна во сите земји во светот. Главниот фактор што и натаму ги подгрева глобалната и домашна инфлација лежи во силниот и долготраен шок врз глобалните цени на енергентите и храната.
Последиците од инфлацијата се огромни и ги чувствуваат сите и граѓаните и стопанството.
Ова е особено изразено во малите и отворени економии, како македонската, во кои голем дел од производите се увезува, а храната и енергијата имаат големо учество во вкупната потрошувачка. Поради силината и времетраењето на шокот, централните банки ги зголемуваат каматните стапки. Во оваа смисла, Народната банка постепено ја зголемува основната каматна стапка, за да ја намали инфлацијата, како што впрочем реагираат и многу други централни банки, вклучувајќи ја и Европската централна банка.
За мерките и нивното влијание врз економските текови, во емисијата анализа со
соговорниците:
Красимир Петров – доктор на економски науки од Државниот универзитет „Охајо“
Академик Абдулменаф Беџети
проф. д-р Дејан Шошкиќ – Економски факултет при Универзитетот во Белград