ПОМЕЃУ ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И БИЗНИСОТ

Македонското творештво е големо и многу богато, разновидно, со уметнички дела  за сечиј вкус.Треба да се изгради и повисока свест кај граѓаните за  купување македонски автор со македонски производ, со што се помага директно на нашата економија, на буџетот на македонскиот уметник. Имаме голема понуда, многу млади талентирани уметници и затоа со купување на  уметничко дело да има свест, дека се помага и младиот уметник, за да може да создаде нешто повеќе во иднина. Во емисијата, преку анализата, зборуваме за актуелните состојби, поддршката, развојот. Според познавачите на состојбите во ликовната уметност, едно уметничко дело кое ќе се  закачи во галерија, тоа веќе станува бизнис, само по себе. Но, никако не треба уметноста да биде исклучиво само бизнис, таа првенствено треба да биде уметност и воедно одреден бизнис. Затоа, за да опстојува и уметноста и бизнисот, потребна е поддршка. Државата треба да преземе мерки,  во насока на поттикнување на купување уметнички дела од македонски автори. Освен тоа, меѓу мерките треба да биде и поддршката во промоцијата, бидејќи   имаме добри сликари и тие треба да се поддржат за да можат да излезат надвор од нашите граници. Инаку, тешко е да се воспостави нормален финансиски однос кај нас во оваа дејност,  само ентузијазмот кај ликовните уметници и галеристите, им овозможува да опстојуваат во вакви тешки околности. Неопходни се промени, за да полесно се дојде до уметничко дело кое може секој да го има и со тоа да се поддржат нашите ликовни уметници.  Во насока на поддршка,  според претседателот на ДЛУМ Филип Фидановски,  за да немаме застој во ликовните активности, ДЛУМ склучило јавно-приватно партнерство со Уметничкиот центар „Арт хаб“ Скопје, за заедно да дадат мало освежување на сцената, бидејќи  овој простор е сосема поинаков од сите други што сме навикнале да ги гледаме и располага со галериско светло, системи за закачување на делата и  повеќе личи на галерија од сè останато што го знаеме.

Многу повеќе за состојбите, во емисијата, преку анализата со соговорниците:

Филип Фидановски – претседател на ДЛУМ

Новица Новаковски – Новак – сопственик на Уметнички центар „АРТ ХАБ“ Скопје

СИТЕ ЕМИСИИ