Инфлацијата е двоцифрена, а тоа предизвикува големи загуби на вредноста на инвестициите. Можности кои се на располагање, за да се заштитат инвестициите се: инвестирање во злато, во недвижнини, во хартии од вредност, во девизи и тн. На овие простори, се уште доминира инвестирањето во недвижности и во девизи. Во државата, ново на пазарот е можноста да се инвестира во инвестициско злато и сребро. Додека во Македонија овој бизнис е во зачеток, тој во соседна Бугарија и во Србија е веќе развиен. Но, иако е на почеток, од компанијата што е единствена на пазарот, за тргување со инвестициско злато и сребро, велат дека интересот кај Македонците за купување и воедно штедење во златни плочки е голем. За вистинските избори, анализа во емисијата со соговорниците:
Мариан Рангелов – „Инвест метал“ Скопје www.investmetal.mk, првата компанија која тргува со инвестициско злато и сребро во Македонија. Прва компанија во земјава која увезува и тргува со инвестициски плочки и монети од злато и сребро. Започнала со работа во Северна Македонија 2022 год. во мај и работи исклучиво со плочки и монети од чисто злато и сребро, односно злато со чистота 999.9 (24 карати) и сребро со чистота 999.
Красимир Петров – доктор на економски науки од Државниот универзитет „Охајо“
Академик Абдулменаф Беџети
проф. д-р Дејан Шошкиќ – Економски факултет при Универзитетот во Белград
Оливер Димитровски – сопственик на агенцијата за недвижности „New Way Limited“ – Скопје www.newway.mk