ПРОФИТ – КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ

Кризата ги стави пред предизвик менаџерите на компаниите. Дел од нив, реагираа поподготвено и преземаа активности за да се преструктуира работењето со помали штети, но дел од компаниите сериозно се погодени од кризата, како резултат на состојбите во секторите и лошиот пристап во кризното менаџирање.  За излез од кризата потребни се долгорочни решенија, велат консултантите, додавајќи дека кога компанијата ќе го стабилизира работењето и ќе направи длабински анализи, веќе треба да се подготвува за некои идни кризи.

Во емисијата, со искусните домашни и странски консултанти и со дел од менаџерите, анализираме за сите предизвици на кризата и кризниот менаџмент.

Активностите кои ги преземаат менаџерите во време на криза, вообичаено се такви што треба да им ги надминат проблемите веднаш. Но, според консултантите, менаџерите не треба да се задоволуваат  со брзи решенија, туку да бараат долгорочни. Без оглед на тоа колку е сериозна кризата или колку се комплицирани околностите, суштината на кризниот менаџмент е да се дојде до трајно решение.

Консултантите советуваат, менаџерите на компаниите, за да работат успешно и во време на криза и да ги намалат загубите во продажбите, да прават анализи на пазарот, купувачите, да не ги кратат маркетинг активностите, напротив да ги зголемуваат.

СИТЕ ЕМИСИИ