Зајакнувањето на женското претприемништво и обезбедувањето одржливи решенија за развој на микро и малите бизниси на жените е многу важно за да се искористи потенцијалот на жените.Особено, значајно е да се работи на руралните средини и пограничните региони, каде жените немаат доволно поддршка да се охрабрат и да започнат бизнис.
На ова поле се работи активно на терен, а особено во прекуграничната област и преку проекти, кои даваат резултати.
Со вакви активности треба да се зголемат личните претприемачки вештини и деловните компетенции на жените вклучени во формални или неформални бизниси. Да се обезбедат услуги за правна поддршка во деловното работење. Да се подобри производството, пристапот до пазарни можности и можности за развој на бизнисот и да се зголеми прекуграничната соработка. Да се подобрат и ревидираат владините мерки и политики за локална и национална поддршка на женското претприемништво.
За сите овие прашања, на темата, анализираме со соговорниците:
Јасна Пајковска – проектен менаџер во Центарот за управување со промени
Мартин Сопронов – програмски координатор во Институтот за човекови права
.