за МАРИЈА

Марија е полнолетна во нејзината кариера  во медиумите. Од новинар во економскиот дневен весник БИЗНИС, во 2010 година за првпат влегува во предизвикот телевизиски проект ПРОФИТ на НАША ТВ.

Истражувач и аналитичар. Без калкулации.

Гладна за нови информации. Жедна за знаење.

Науката и бројките на прво место. А зад тие бројки и научни истраќувања и анализи стојат многу работници, многу менаџери, многу труд на бизнисмените, претприемачите, економистите, консултантите.

Не е сеедно што ке кажеш.

Гледачот слуша, гледа, памети и не простува

Марија е истражувач и промотор на многу успешни бизнис приказни, претприемачи, земјоделци, иноватори, менаџери, производители од сите еиндустриски дејности  и преку својата работа како уредник и водител на економската емисија ПРОФИТ, опстојува со предизвикот и е лидер на тимот кој знае да направи успешен проект.

Позитивниот концепт на емисијата кој преку енергијата на Марија го наметнува оптимизмот  и го истакнува  убавото, позитивното, успешното.

Професионалната едукација и постојаното надополнување за Марија е секојдневие..

Активно  работи на полето на општествена одговорност,претприемништвото, едукација во сферата на претприемништвото, како и научно-публицистичка дејност на тема бизниси, менаџмент, претприемништво.

Стекнатата професионалност ја однесе на позицијата предавач по клиничка настава на „Бизнис Академија Смилевски“, во областа на претприемништвото поврзано со практичната работа, едукатор на многу проекти поврзани со односите со јавност и медиумите, а во функција на позитивните практики за бизнисите.

Исто така и член на Бордот на Факултетот за претприемачки бизнис на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, со активно учество во обуки и креирање на програмите на факултетот, преку идеи и препораки од практичното искуство со бизнисот.

Обучувач и едукатор на серијал работилници за „Млади претприемачи“ во Американското катче во Скопје

Учесник на многу трибини, самити, меѓународни конференции, од научен и стручен аспект, со научни трудови во областа на претприемништвото.

Марија е со богат професионален живот во кој продефилирале илјадници ликови на успешни луѓе, кои и  оставиле длабок печат секој на  свој начин, со научена нова мудрост, став, искуство.

Наспроти тоа, во приватниот живот,опкружена со најблиските кои и даваат  енергија и животна мудрост, потребни да биде добра сопруга, мајка, родител, другар.

Кон проектот