за ПРОЕКТОТ

Изворност, вековна традиција, духовност, генетскиот код за препознавање помеѓусветските култури. Тоа е македонската фолклорна ризница, која храбро ја браниме и чуваме низ вековите, до денес. Големината на оваа култура е колку и големината на овој народ, како момент на соочување со целиот свет и со нас самите за да не си ги заборавиме корените.Токму преку богатиот фолклорен творечки опус се идентификуваме насекаде. Затоа го одбележуваме, негуваме и снимаме, за да го пренесуваме на сите љубители на овој музички стил.Раскошот на македонските народни рефрени е голем а преку играта, станува уштепосилен и одекнува преку „Тешкото“, „Копачка“ , за да се запише во светското заштитено нематеријално културно наследство и во УНЕСКО како најголема светлина за македонскиот фолклор и нашиот идентитет. Затоа, претставено и во дел од репертоарот на Фестивалот на народна култура „Преображење“ Вевчани, на КУД „ДРИМКОЛ“ Вевчани, заедно со останатиот фолклорен избор на изворни ора и песни, од земјава и странство, со сиот колорит на традицијата, со единствена задача, да го зачува од заборав и да се пренесе на младите генерации. А тие, со сето мајсторство кое го научиле од постарите играорци и певци, потврдуваат дека фолклорот им се вовлекол „под кожата“ и не ги оставил мирни. Затоа, го учат и играат.Овој Вевчански фестивал, дава доволно фолклорноуживање, како успешните изведби на Стевче Стојковски со својата гајда, до силниот звук на зурлата и тешкиот удар на тапанот.Тоа е фолклорот. Инспирација и за учениците од МБУЦ „Илија Николовски Луј“, кои толку го впиле сето знаење што им го пренесуваат нивните ментори, за да мајсторски го пренесат на сцената, со сиот колорит на носиите на своите концерти.Зарем може да се зборува за нашиот фолклор и она што остава печат од поновото време, без да се спомене името на музичката етно група „Синтезис“, која со аранжманската стручност на еминентните музички професионалци, успеа да создаде нов звук, нешто што не само го оживеа фолклорот во целина, туку и успеа да ги натера да го слушаат и потпевнуваат и младите и да се соживуваат сонего. Секако, благодарејќи на рустикалното назално пеење, како една синтеза на минатото, сегашноста и иднината, на македонскиот вокален призвук.Сето ова, како посебен музички колач, со концертот, по повод нивната 10-годишна работа.Фолклорот е непресушна инспирација, така е и во случајот со Ансамблот „Македонија“, репрезент на македонската традиционална култура, преку годишниот концерт насловен „На аскер ќе одам“, каде младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура.
За да дојдеме и до новата македонска фолк музика, како инспирација за многу нови македонски фолк рефрени, а пренесени преку бисерните грла на естрадните уметници Зуица Лазова и Наум Петрески, изведени на концерт, во рамките на „Културно лето Карпош“.И ова не е се, ќе следуваат уште многу фолклорни доживувања, дотогаш заслужуваат да се погледнат наведените од овој серијал, како одличен музички избор.

Кон проектот